Тузла: Повредени неколку лица во пожар на пазар

Од:

Пожарот, кој го зафати пазарот во центарот на Тузла, речиси целосно го уништи, а неколку лица се повредени.

Засега не може со сигурност да се тврди што го предизвикало пожарот, но, се сомнева на експлозија на плинска боца.

Огнот избил во делот каде што се продава облека и пластика. Отежнувачка околност е тоа што огнот брзо зафатил повеќе материјали, кои се лесно запаливи, големо количество на пластика и текстил.

Сите расположливи екипи се наоѓаат на терен со цел огнот да се стави под контрола, а на местото на инцидентот брзо стигнале и екипите на итна помош кои им укажале помош на повредените лица.

– Во полициската станица Центар околу 11,20 часот пријавен е пожар на Градскиот пазар. Има повредени и лица кои побарале лекарска помош поради гушење, изјави портпаролката на полицијата во Тузла и додаде дека засега не се знае причината за пожарот.

Материјалната штета е огромна, а голем број продавници останаа без стока, а со тоа и без средства за живот. Ова е втор поголем пожар на пазар во Тузла во последните години. Во мај 2017 година целосно изгоре „пазарот за стари работи“ во населбата Сјенак, во источниот дел на Тузла.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов