Турските власти тврдат за убиен речиси 2.000 припадници на ПКК во северен Ирак и во Сирија

Од:

Турските сили ликвидирале речиси 2.000 борци од Курдистанската работничка партија (ПКК) од почетокот на годината во операциите во северен Ирак и северна Сирија, изјави турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар.

– Од почетокот на годината во Сирија и Ирак се неутрализирани 1.999 терористи. Ќе продолжиме со операциите додека не бидат целосно ликвидирани, посочи Акар.

Тој додаде дека во областите Манбиџ и Тал Рифат (во Сирија) во последно време има зголемена активност на борците од сириските курдски Сили за заштита на народот (ПДФ), кои, според турските власти, се поврзани со ПКК.

Борците на терористичката група ПКК имаат бази во северен Ирак и се активни во северна Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ