Турските таксисти задолжени да бараат документи за идентификација од патниците

Од:

Турските таксисти се обврзани да бараат од патниците документи за идентификација, за на тој начин да заштитат од можна кривична одговорност за трговија со мигранти.

Како што пишува весникот „Милиет“, мерката донесена од турското Министерство за внатрешни работи се спроведува во сите 81 окрузи на Турција.

Новата регулатива е на сила за случаи кога странец бара превоз од една област во друга.

Доколку странскиот државјанин има статус на меѓународна заштита во Турција, треба да покаже лична карта што го потврдува тоа, како и документ што претставува патна дозвола. Ако странецот е турист, мора да се легитимира со пасош за да биде превезен.

Доколку возачот на такси биде затекнат да превезува патници спротивно регулативата ќе биде казнет и обвинет за трговија со мигранти.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ