Турските лекари предупредуваат за опасната употреба на солзавец врз демонстрантите

Од:

Шест турски здравствени организации денеска изразија жалење за масовната употреба на солзавец од страна на полицијата за време на разбивањето на антивладините демонстранти, истакувајќи два смртни случаја, кои се поврзани со неговата употреба.

– Сериозно сме вознемирени поради смртта на двајца граѓани како последица од солзавец, изјави професорот Јумит Бичер од Асоцијацијата на специјалистите за судска медицина.

Турските власти и Унијата на турски лекари досега соопштиле за четворица загинати за време на протестите.

– Кон овој број на жртвите веројатно треба да се додаде и смртта на 47-годишен работник во приватно училиште во Анкара, кој имал респираторни проблеми поради силното дејствие на солзавецот, како и 50-годишна жена која починала од инфаркт во Истанбул поради алергија од гасот, наведува Бичер.

Лекарот нагласи дека полицијата употребила солзавец не како начин да ја контролира толпата, туку како хемиско оружје, истрелувајќи гранати во непосредна близина на луѓето или во затворени објекти, што е забрането од меѓународните конвенции.

Професорот Доган Шахин од Турската асоцијација на психијатри ја осуди употребата на солзавецот, што според него е еднакво на злоставување, при што целта е да се причини физичка и психичка болка за да се казнат демонстрантите.

Во немирите во Турција во текот на последните три недели загинаа најмалку четири лица, а 7.800 беа повредени, од кои 59 се во тешка состојба, покажуваат последните податоци на Унијата на турските лекари.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски