Турските демонстранти го разгледуваат следниот потег

Од:

Демонстрантите кои го окупирале паркот Гези во Истанбул го разгледуваат својот следен потег откако премиерот Реџеп Таип Ердоган се согласи да го прекине спорниот план за реконструкција на паркот и ги повика учесниците во протестите да си заминат по двонеделните антивладини протести.

Синоќешниот повик на Ердоган сепак остана без одѕив, бидејќи дискусијата и договорите меѓу демонстрантите се оддолжила до доцна во ноќта, а илјадници од нив повторно ги наместиле своите вреќи за спиење.

Претходно Ердоган повика мала делегација од демонстрантите да ги убедат илјадниците други да се повлечат од паркот.

– Одете и разговарајте со нив. Не дозволувајте да мораме да употребиме други мерки, истакна турскиот премиер. Тој вети дека ќе ги прекине спорните планови за реконструкција на паркот Гези.

Ердоган на стотината демонстранти, кои и понатаму се наоѓаат во паркот, им порача дека Владата ги примила нивните пораки по разговорите кои се одржаа со цел да се стави крај на двонеделните немири.

– Останавте овде колку што можевте и ги упативте своите пораки. Ако вашата порака се однесува на паркот Гези, тогаш е примена и проценета. Ве молам сега да го напуштите паркот и да си заминете дома, додаде Ердоган.

Во судирите за време на протестите во Турција загинаа пет луѓе, а речиси 5.000 се повредени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски