Турскиот Парламент ќе гласа за продолжување на мандатот на армијата за трансгранични операции

Од:

Турскиот парламент денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе се гласа за продолжување на мандатот на турската армија да извршува операции надвор од турската територија во случај на закана по безбедноста.

Парламентот е на одмот до 1 октомври, но денешната вонредна седница ќе почне со положување на заклетва на осум нови министри, кои не беа пратеници. А, потоа ќе се гласа за предлог-резолуцијата за продолжување за една година на мандатот на турската армија да извршува трансгранични операции во Ирак и во Сирија.

Во предлог-резолуцијата се наведува дека се бара продолжување на мандатот на турската армија поради зголемување на опасностите и заканите за националната безбедност на јужната копнена граница на Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ