Турскиот брод останува во водите меѓу Родос и Крит, Грција се жали кај САД и ЕУ

Од:

Турскиот брод „Оруч рејс“, чие присуство во водите на источниот Медитеран ја разгневи Грција, утрово плови јужно од островот Родос и југоисточно од Крит, по непроменета патека. Во исто време, Атина, која смета дека реонот е дел од нејзиниот континентален гребен, се обидува дипломатски да ги блокира активностите на Анкара во источното Средоземје.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска во Виена ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а од австрискиот главен град ќе учествува и на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ.

Според Министерството за надворешни работи на Грција, разговорите на Дендиас и Помпео ќе се фокусираат на случувањата во Источниот Медитеран, под призмата на ескалацијата на турските прекршувања.

Министерот за надворешни работи на Грција ќе се сретне и со неговиот австриски колега со кој заедно ќе земат учество на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, а е свикан вонредно, по барање на официјална Атина за, според грчкото МНР, „да се разговара за нелегалните активности на Турција во делот на грчкиот континентален гребен“.

Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за радиото „Скај“ рече дека од денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ очекуваат јасна поддршка од унијата за грчките позиции.

За случувањата во Источниот Медитеран, германската канцеларка Ангела Меркел, вчера телефонски разговарала со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој од своја страна, вчера дополнително ги подгреа тензиите со изјавата дека оној што ќе се осмели да го нападне „Оруч реис“, „ќе плати висока цена“.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис ја информирал Меркел за турските прекршувања во пресрет на состанокот на Советот за надворешни прашања на Европската Унија.

Според туската новинска агенција „Анадолија“, Ердоган, за време на телефонскиот разговор со Меркел истакнал дека Турција верува во решавањето на проблемите во Источниот Медитеран во рамките на меѓународното право, засновано на дијалог и правичност.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски