Турски министер за финансии: Трамп зазеде разумен став за С-400

Од:

Турскиот министер за финансии Берат Албајрак изјави денеска дека тој се состанал со претседателот на САД, Доналд Трамп, кој, како што рече, заземал разумен став во врска со купувањето на рускиот ракетен систем С-400.

Албајрак вели дека е постигнат договор за време на неговите средби во Вашингтон за зголемување на билатералната трговија меѓу САД и Турција за 75 милијарди долари годишно.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар вчера рече дека тоа што Турција купува од Русија ракетен систем за воздушна одбрана С-400, не би требало да покрене американски санкции, бидејќи Анкара, како што посочи, не е ривал на Вашингтон и понатаму останува посветена на НАТО.

Акар на конференција во Вашингтон изјави дека Турција се очекува да остане, не само купувач на борбените авиони Ф-35, туку и една од земјите партнери кои учествуваат во негово производство, и покрај предупредувањето на САД дека може да биде исклучена од проектот Ф-35, ако купи руски одбранбен систем С-400.

Турскиот министер за одбрана додаде дека неговата земја внимателно ја проучува американската понуда за купување на американски ракетен систем за одбрана Патриот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија го поздравува цврстиот став на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, како одговор на притисокот од САД врз Анкара за договорот за купување на руски ракетен систем С-400.

Пред пет дена, државниот секретар на САД Мајк Помпео го предупреди Ердоган дека Анкара нема да биде погодна за производство на делови за авионите Ф-35 поради купување на руски ракетен систем С-400.

Турскиот претседател неодамна, по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин рече дека е суверено право на Турција да купи ракетен одбранбен систем С-400.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски