Турската полиција уапсила три лица за навреда на Ердоган на Твитер

Од:

Турската полиција привела три лица затоа што на Твитер ги навредиле претседателот Реџеп Таип Ердоган и други високо позиционирани турски политичари, соопшти весникот на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Тројцата се приведени во полициски акции извршени во нивните домови.

Ова е последниот чекор против критичарите на претседателот Ердоган на Твитер, на одгласите на нараснатата загриженост заради ограничувањето на слободата на изразување во Турција.

Приведените, две жени и еден маж, се идентификувани како Вели Х.К., Серпил И. и Серап К. Во следните неколку дена се очекува тие да бидат изведени пред суд.

Според информации во медиумите, двајца од нив биле приведени во Истанбул, а еден во одморалиштето Фетије, во округот Мугла.

Во одделен случај, полицијата во градот Кајсери, во централна Анадолија, уапсила веќе осудено момче затоа што за време на протестите во летото 2013 година Ердоган го нарекло „диктатор“, соопшти весникот „Хуриет“.

Ајкулатап Авшар, кој беше суден од слобода, бил испратен во затворот за да ја одлежи одредената казна од година и два месеци затвор.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ