Турската полиција уапси 93 лица, осомничени за нападите врз медиуми и политички партии

Од:

Турската полиција уапси вкупно 93 лица, што учествувале во нападите врз згради на медиуми, политички партии и приватни објекти во Истанбул, соопштија градските власти, пренесува турската телевизија НТВ.

Изминатите неколку денови демонстранти организираа неколку напади врз згради на политички паритии, додека на 6 септември провладини демонстранти фрлаа со камења врз зградата на весникот „Хуриет“ во Истанбул.

Во нападите е нанесена голема материјална штета на зградите и околните објекти. Засега нема информации за сериозно повредени лица во нападот.

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу синоќа ги осуди серијата напади врз медиуми, политички партии и приватни објекти во Турција и повика на воздржаност и зачувување на мирот во земјата.

– Неоправдано е нанесувањето штети врз медиумските институции, објекти на политички партии и имотите на нашите граѓани, порача Давутоглу преку својот налог на Твитер.

Меѓу целите на нападите, кои доаѓаат во време на ескалацијата на тензиите меѓу турската Влада и Курдската работничка партија (ПКК), беа и седиштето на курдската Демократска партија на народите (ХДП) и редакцијата на дневниот весник „Хуриет“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ