Турската полиција се закани со употреба на сила, Меркел шокирана

Од:

Полицијата за разбивање на демонстрантите со водени топови денес предупреди околу 1.000 синдикалци да ги запрат блокадите во Анкара или ќе биде принудена да интервенира, поради што германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека полицијата е премногу строга, кон демонстрантите.

Турските синдикати ги повикаа сите работници на генерален штрајк, во знак на протест против употребата на сила над демонстрантите, кои повеќе од две недели протестираат против владата и премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Синдикалците со знамиња и транспаренти тргнаа кон Кизилај, но полицијата ги предупреди дека не смееат да болкираат улица и дека ќе употреби сила.

Меркел изјави дека е шокирана од сузбивањето на протестите и дека полицијата е премногу строга.

-Постојат страшни снимки на кои може да се види премногу строг пристап-нагласи таа.

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Гулер изјави дека планираниот национален штрајк е нелегален и дека нема да биде дозволен.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски