Турската полиција откри 200 сириски мигранти во камион во Измир

Од:

Вкупно 200 сириски мигранти, кои се обидувале да стигнат до Европската унија, се откриени во затворен камион оставен од возачот на паркинг во градот Измир во западна Турција, објави весникот „Хуриет дејли њуз“.

Полицијата ги открила мигрантите денеска околу три часот по полноќ, откако локални жители ја известиле дека слушаат звуци од камион паркиран во близина на нивните домови.

Мигрантите се наоѓале во приколката на камионот, која била затворена со церада. Камионот бил оставен со вклучен мотор, но возачот исчезнал.

Локалните власти во Измир вчера соопштија дека турската крајбрежна сража меѓу 9 и 12 октомври спасила вкупно 1.361 мигранти во регионот на Егејското Море и привела еден трговец со мигранти.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски