Лидерот на главната турска опозициска партија – Народнорепубликанската Кемал Калачдароглу, го обвини премиерот Реџеп Таип Ердоган за тоа дека е главен спонзор на радикалните исламистички групи во Сирија.
Калачдароглу истакна дека огромен дел од државните средства се користат за финансирање на тие групи.
– Ако доведеш радикални елементи во Турција и тие се обучуваат, вооружувани и финансирани, сето тоа има цена. 900-километарската граница на Турција со Сирија е „само на хартија“, додаде лидерот на НРП.