Турската крајбрежна стража запре во теснецот Дарданели товарен брод со 400 бегалци

Од:

Турската крајбрежна стража запре денеска во теснецот Дарданели товарен брод со 400 бегалци, пишува турскиот весник „Милиет“.

Екипи на крајбрежната стража дејствувале по добиен сигнал, дека на товарниот брод, кој преминувал преку Дарданелите, веројатно има 500 бегалци.

И покрај упатените предупредувања до 59-метарскиот брод „Доган Картал“ да запре, капетанот одбил да запре. Бродот бил принуден да запре, откако крајбрежната стража отворила оган.

Во 18.30 часот по локално време екипи на крајбрежната стража се качиле на бродот, на кој според првичните информации имало 400 бегалци, соопшти валијата на округот Чанаккале Ахмет Чинар.

Во моментот е запрено преминување на бродови преку Дарданелите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ