Турција воведува полициски час и ги затвора училиштата

Од:

Турција ги затвора училиштата и воведува вечерен „полициски час“ за време на викендите од 20.00 до 10.00 часот, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, најавувајќи нови ограничувања во борбата против коронавирусот.

По состанокот на владата што траеше повеќе од три часа, Ердоган рече дека рестораните, продавниците, трговските центри и фризерските салони ќе работат во ограничено време од 10 до 20 часот.

Тој нагласи дека претходниот „полициски час“ за лица над 65 години ќе бидат проширен за да ги опфатат и помладите, вклучително и оние на возраст под 20 години.

Делумниот режим на движење на овие возрасни групи ќе им овозможи да излегуваат надвор само од 10.00 до 16.00 часот.

Сите спортски настани ќе се одржат без навивачи.

Кафулињата ќе бидат затворени до ново известување, кината ќе останат затворени до крајот на оваа година.

Во однос на образованието, Ердоган рече дека училиштата ќе бидат затворени од петок, а наставата ќе се одвива на далечина.

Во Турција има 421.413 случаи на коронавирус, од кои 359.063 од оздравеле, а починале 11.704 луѓе. Вкупно 3.657 лица се во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски