Турција веќе нема да запира бегалци, мигранти веќе тргнаа кон Европа

Од:

Турција одлучи повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море. Тоа го изјави турски официјален претставник во пресрет на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде има еден милион раселени лица.

„Турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добија наредба да стојат настрана“, рече официјален претставник од Анкара за западни медиуми.

Група од околу 300 мигранти веќе се упатила од северозападна Турција кон грчката граница, јави турската агенција Демирорен. Тие наведуваат дека во групата има жени и деца и дека се движат кон границата во турската провинција Едрене. Меѓу мигрантите има Сиријци, Ирачани и Иранци.

Засега нема независна потврда за тоа кои се луѓето во групата и каде се наоѓаат.

Турција бомбардираше позиции на режимот на Башар ал Асад како одговор на загинувањето на 33 турски војници во северозападниот дел на сириската провинција Идлиб, соопшти Кабинетот на турскиот претседател.

„Сите познати позиции на (сирискиот) режим се под оган од нашите копнени и воздушни сили“, рече портпаролот на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

Турција одговори со бомбардирање по смртта на најмалку 33 нејзини војници во напади во провинцијата Идлиб, кои Анкара му ги припишува на сирискиот режим.

„Ќе им се одмаздиме за нашите храбри војници“, рече Алтун. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган свика синоќа вонредна седница на неговиот Совет за безбедност во Анкара, во која беа министерот за одбрана и началниците на тајните служби. Според турските медиуми, се разговарало за ситуацијата во Идлиб.

Турција испрати илјадници војници во таа гранична сириска провинција за поддршка на бунтовниците против офанзивата на претседателот Башир ал Асад. Речиси еден милион Сиријци избегаа во последните три месеци, во најголемиот егзодус од почетокот на војната.

Според сириската опсерваторија, владините сили, со помош на руската армија, во последните три дена окупирале околу 60 проценти од областа во јужниот дел од Идлиб и соседната провинција Хами.

Турција испрати илјадници војници и тешко оружје до Идлиб во северозападниот дел на Сирија за поддршка на бунтовниците кои сакаат да ја спречат офанзивата на сириската влада и руските сили со цел враќање на територијата.

Сириските опозициски борци, поддржани од Турција, повторно го окупирале стратешки важниот град во северозападна Сирија, Саракеб. Притоа, тие успеаја да го намалат клучниот автопат М5 што го поврзува градот Алепо на северот со главниот град Дамаск, само неколку дена откако сириската влада го отвори, за првпат од 2012 година.

Турција и Русија поддржуваат спротивставени страни во сириската војна, при што Анкара ги поддржува опозицијата, а Москва претседателот Асад.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски