Турција одобри употреба на кинеската вакцина, министерот за здравство веќе ја прими

Од:

Турската официјална Агенција за лекови и медицински помагала издаде одобрение за итна употреба на кинеската вакцина против Ковид-19 на компанијата „Синовак“, објави денеска турската новинска агенција Анадолија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неделава рече дека вакцинацијата ќе започне утре или во петок, откако во Турција пристигнаа три милиони од откупените 50 милиони дози на вакцината „КоронаВак“ на кинеската компанија „Синовак“.

Само еден час откако официјално беше одобрена вакцината, министерот за здравство Фахретин Коџа стана првиот Турчин кој се имунизира, а притоа најави и дека дозите од вакцините ќе бидат доделени според фер принципи, а на секој граѓанин ќе му следуваат две дози, обележани со име и баркод.

„Решени сме да ја дадеме вакцината и да се држиме до мерките и рестрикциите додека пандемијата не заврши,“ изјави Коџа откако ја прими вакцината.

„Сакам да нагласам дека сите мора да се вакцинираат. Дефинитивно мораме да ја примиме вакцината за да се вратиме кон нашите нормални, секојдневни животи,“ додаде Коџа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски