Турција нуди награда за турските војници кои добија азил во Грција

Од:

Поранешните турски војници, кои по неуспешниот обид за пуч побегнаа во Грција и добија политички азил се најдоа на црвената листа со терористи на Министерството за внатрешни работи на Турција и за секој од нив се нуди награда од околу 770.000 американскии долари.

Турската новинска агенција Анадолија објави дека 74 поранешни војници од терористичката организација ФЕТО, кои се одговорни за пучот во 2016б година од денеска се на листата за кои наградата е од околу 12,8 милиони американски долари.

Веста објавена од турските медиуми, експресно беше пренесена од медиумите во Грција, со оглед на тоа дека доаѓа само неколку часа пред средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, јави дописничката на МИА од Атина.

За осумтемина турски војници, кои добија политички азил во Грција и барањето на Турција, говореше лидерот на грчката опозициска Нова демократија на партиски состанокот. Мицотакис рече дека не само тие, туку дека верува дека „сите Грци се загрижени за денешната посета на Ципрас на Турција“.

– Турција денеска издаде потерница со награда за осумтемина војници, провокативно игнорирајќи ги конечните пресуди на грчката правда. Советникот и близок соработник на претседателот Ердоган, отворено говори за турско малцинство во Тракија. Прекршувањата продолжуваат со несмален интензитет. Ова е климата во која господниот Ципрас оди да се сретне со господинот Ердоган, рече Мицотакис и додаде дека Ципрас нема голем капацитет да преговара, а како примери ги спомена преговорите за економскиот пакет за помош за Грција во 2015 година и преговорите за името.

Воедно, го повика грчкиот премиер сериозните прашања во грчко-турските односи да и ги остави на следната влада.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски