Турција ќе отвора нуклеарни централи

Од:

Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Танер Јилдиз соопшти дека земјата има сериозни тенденции да отвори нуклеарни централи.

„Сакаме да одговориме на нашите потреби во областа на енергетиката, така што до 2023 година ќе изградиме најмалку 23 нуклеарни централи“, изјави Јилдиз и додаде дека тоа би подразбирало отварање на нуклеарни централи во три региони во Турција.

Бројот на нуклеарните централи во светот веќе надмина бројка од 440, а една половина од вкупниот број на нуклеарните централи во светот се наоѓаат во САД, Франција и Јапонија.

Јилдиз напомена дека степенот на развој и напредок на една држава денеска се мери и со нејзините нуклеарни потенцијали и сегашната влада на Турција сака да почне со отварањето на нуклеарките што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски