Турција ќе го блокира пристапот до антиисламскиот филм на интернет

Од:

Турските власти соопштија дека добиле судско решение за блокирање на пристапот до антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“ на интернет.

Судската одлука е донесена денеска, еден ден откако турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган побара од надлежните институции да најдат начин за ограничување на пристапот до филмот, кој предизвика протести ширум светот.

Освен тоа, турското Министерство за информации испратило барање до „Гугл“ и „ЈуТјуб“ да го отстранат филмот од мрежата.

Ердоган упати критики до западните земји дека не преземале мерки за спречување на сквернавењата на исламските вредности, но го осуди и насилството за време на протестите против филмот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски