Турција ја отфрли резолуцијата на ЕП со која е повикана да го признае еремнскиот геноцид

Од:

Резолуцијата на Европскиот Парламент со која Турција се повикува да го признае ерменскиот геноцид и противречи на историјата и на принципите на правото, изјави турскиот министер за Европска унија, Волкан Бозгар, цитиран од ТАСС.

– Турција излезе со повик да се создаде заедничка (со Ерменија) историска комисија за научно истражување на настаните од 1915 година. Во 2009 година со ерменската страна беа потпишани соодветните протоколи, кои потоа беа повлечени од дневниот ред на ерменскиот Парламент. Европарламентот го употребува зборот „геноцид“ како правна квалификација и покрај тоа што ниту еден суд не ја прифатил одлуката настаните од 1915 година да бидат квалификувани како геноцид, рече Бозгар.

Ерменија ја поздрави резолуцијата што вчера беше донесена од ЕП, а е посветена на стогодишнината од ерменскиот геноцид во Османлиската империја, се наведува во изјавата на ерменскиот шеф на дипломатијата Едуард Налбандијан, цитирано од ТАСС.

– Со прифаќањето на оваа резолуција ЕП уште еднаш потврдува дека е посветен на тоа да ги заштитува правата на човекот и општочовечките вредности, дополни тој.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски