Турција ја обвини ЕУ за двојни стандарди

Од:

Турција денеска ја обвини Европска Унија да го „наградила агресорот“ со воведување на санкции за три компании кои го кршеа ембаргото на Обединети нации со продажба на оружје на Либија, вклучително и една труска фирма.

Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека одлуката на ЕУ за нив нема никаква вредност, додавајќи оти бродот помагал на меѓународно признаената Влада со седиште во Триполи.

Турција ја обвини ЕУ дека ја игнорира земјата и компаниите кои испраќаат оружје на ривалската Либиска национална војска, што е под команда на генерал Халигфа Хафтар, која го контролира источниот дел на Либија.

– Со ваков став ЕУ инсистира на одржување на двојни стандарди… кои го наградуваат агресорот наместо да заземе став во корист на меѓународниот легитимитет, се посочува во соопштението.

Исто така се додава дека е „крајно жалосно“ што таква одлука е донесена во момент кога се вложуваат напори за да се намалат тензиите помеѓу Грција и Турција во источниот дел на Средоземно Море поради правата за истражување на енергенси.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на вчерашниот состанок во Брисел воведоа санкции за турската компаниија „Аврасија шипинг“, истакнувајќи оти го прекршила ембаргото за продажба на оружје на Либија“.

Во Либија за власт се борат Владата на национално единство (ГНА) со седиште во Триполи, која е признаена од ОН и генералот Хафтар, чие седиште е во Толбрук.

Владата во Триполи има поддршка од Турција,Италија и Катар, додека Хафтар го поддржуваат Египет, Обединети Арапски Емирати и Русија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски