Турција го празнува Денот на победата

Од:

Во Турција денеска се одбележува Денот на победата, а по тој повод се организирани голем број специјални настани низ целата земја и во дипломатските мисии, јавува Анадолија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе го предводи државниот врв на церемонија во комплексот Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерната Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара.

Денот на победата во Турција се одбележува во спомен на битката по која беше прогласена модерна Република Турција.

Предводени од војсководачот и основач на модерната Република Турција Мустафа Кемал Ататурк турските сили на денешен ден пред 99 години, остварија голема победа во битката кај Думлупинар, последната битка во војната за независност на Турција, која се водеше од 1919 до 1922 година, наведува Анадолија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски