Турција ги обновува летовите со околу 40 земји

Од:

Турција планира, во текот на јуни, повторно да воспостави авионски летови кон околу 40 земји, а веќе има постигнато прелиминарни договори за реципроцитет во авиосообраќајот со 15 земји, изјави денеска министерот за транспорт Адил Караисмаилолу.

Со цел да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирус, Турција ги затвори повеќето свои граници и, по значителниот пад на бројот на заразени, делумно, повторно воспостави домашни летови во понеделникот.

Караисмаилолу најави дека летовите ќе бидат повторно воспоставени во пет фази подоцна овој месец, додавајќи дека неговата земја е во преговори со 92 земји за безбедно повторно воспоставување на летовите.

– Веруваме дека значајна точка во глобалната борба против коронавирусот е зад нас, и сега треба да ги обновиме нашите врски ширум светот и трговијата, рече тој во писмена изјава.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски