Турција: Финска и Шведска нема да влезат во НАТО ако не си го одржат зборот

Од:

Турција нема да го поддржи приемот на Шведска и Финска во НАТО додека тие држасви не ги исполнат своите обврски во врска со борбата против тероризмот, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздак.

dobivaj vesti na viber

„Погрешно е да се очекува позитивна одлука од Турција во однос на поддршката за членството на нордиските земји, додека тие не си го одржат зборот“, изјави Боздак за турски медиуми.

Според него, Анкара се уште нема добиено никаков одговор од Шведска и Финска на барањето на Турција за екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.

Турција претходно соопшти дека меморандумот што го потпиша со Шведска и Финска на маргините на самитот на НАТО во Мадрид не е конечен и дека турскиот парламент можеби нема да го ратификува нивното членство доколку Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат своите обврски во борбата против тероризмот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на Руси кои влегуваат во Финска е двојно зголемен, наскоро ќе се ограничи

А1он

Протест пред затворениот турски колеџ во Тирана поврзан со Фетулах Ѓулен

А1он

Русија: Конфликтот со Америка не е во наш интерес

А1он

Мицотакис го информирал Гутереш за односите со Турција

Ана Ололовска

НАТО ги осуди референдумите на окупираните украински територии

ВИДЕО: По најавата на Путин за мобилизација, во Финска влегоа речиси 5.000 Руси

А1он