Турција: Европарламентот ја осуди хајката против избраните градоначалници

Од:

Европратениците усвоија резолуција со која се бара турските власти да престанат да ги попречуваат и заплашуваат градоначалниците избрани на последните локални избори.

Голем број локални избраници кои победија на изборите во март 2019 ширум Турција се спречени да седнат во своите фотелји или се заменети со неизбрани функционери, за европратениците од сите политички партии ова е неприфатливо.

Во резолуција изгласана вчера со широка поддршка, европратениците ги осудија и заканите упатени кон новиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу и предупредија дека заплашувањата и заканите кон опозиционерите на локално ниво “сериозно ја загрозуваат демократијата на локално ниво“.

Европскиот Парламент итно бара да се ослободат и сите членови на опозицијата кои се наоѓаат во затвор.

Парламентот е длабоко загрижен за влошувањето на демократските стандарди во Турција, истакнува резолуцијата и ги повикува турските власти да обезбеди слобода на изразување, темелни права и слободи како и правна држава во која секому му е гарантиран фер и независно судење.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот ги смирува тензиите помеѓу Атина и Анкара

Ана Ололовска

Грција ќе распореди 400 полицајци на границата со Турција кај Еврос

Ана Ололовска

Турција воведе дополнителни царински тарифи на повеќе од 800 производи

Ана Ололовска

Грчкото МНР го осуди палењето на турското знаме во Атина

Ана Ололовска

Четиридневен полициски час од 23 мај за Рамазан Бајрам во Турција

А1он

Турските власти сменија и во домашен притвор испратија уште четворица курдски градоначалници од истокот на земјата

Ана Ололовска