Турција бара „странски врски“ во антивладините протести

Од:

По наредба на турската Влада, Националната разузнавачка организација на Турција (МИТ) започнала истрага за откривање на „странски врски“ во тринеделните антивладини протести во земјата, објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Според весникот, повеќе оддели на МИТ се вклучени во истражување на различни аспекти на протестите, врз основа на што треба да биде изработен извештај што ќе биде доставен до Владата.

Протестите започнаа како реакција на бруталноста на полицијата кон учесниците на собирот против уривањето на паркот Гези на плоштадот Таксим во Истанбул, по што подоцна есклаираа во насилство и барања за оставка на Владата.

Сепак, неименуван извор во МИТ во изјава за весникот вели дека Владата во протестите гледа „заговот потив Турција, во кој клучна улога имале некои странски сили и меѓународни финансиски институции“.

Весникот наведува дека турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и други владини претставници изјавиле дека имаат докази за ваква поврзаност со протестите, во чие интензивирање своја улога одиграле и меѓународните медиумни со еднострано известување.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски