Тројца косовски Албанци обвинети за воени злосторства, се предале на полицијата по бегството од затворската болница

Од:

Тројца косовски Албанци, обвинети за воени злосторства, се предале на полицијата, откако пред три дена побегнаа од затворската болница.

Сами Луштаку, Исмет Хаџа и Сахит Јашари се предале по преговори на нивните адвокати и семејства со правосудната мисија ЕУЛЕКС, косовската полиција и затворската управа.

Тројцата обвинети побегнаа, откако беше соопштено дека ќе бидат судени во Основниот суд во Косовска Митровица.

Луштаку, Хаџа и Јашари се меѓу членовите на т.н. Дреничка група, во составот на ОВК, обвинети за воени злосторства врз цивили, вклучувајќи измачувања и убиства, извршени во 1998 година во импровизиран затвор во селото Ликовац.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата