Тројца Црногорци заглавени во Бермудскиот триаголник

Од:

Црногорци од Подгорица, кои работат на брод, се изолирани во Атлантскиот океан поради ураганот „Сенди“. Вчера се наоѓале во епицентарот на Бермудскиот триаголник.

Тие успеале да им пратат меил на Vijesti, црногорски весник. Телефонските мрежи се прекинати и не можат да исконтактираат со своите блиски.

„Сега буквално сме отсечени од светот. Моментало се наоѓаме во епицентарот на Бермудскиот триаголник. Утрово имаше повредени луѓе. Пред еден час капетанот најави дека, за жал, ураганот „Сенди“ ќе ги влоши наредните три дена“, напишал Мирко Лековиќ.

Тој додал дека бродот повремено се наведнувал за 60 степени. Тие пред два дена отпловиле од Њујорк за Хамилтон.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора