Трите победнички коалиции во Црна Гора денеска разговараат за програмата и приоритетите на идната Влада

Од:

Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е наша нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, ќе се состанат денеска во Подгорица да разговараат за програмата и приоритетите на идната влада, како и за поделбата на одговорностите.

На претходните средби не беше детално разговарано за поделбата на надлежностите, а засега е веројатно дека Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар, а коалицијата „Мирот е наша нација“ ќе ја добие позицијата претседател на Собранието.

Идното владеачко мнозинство соопшти дека се уште се разговара за квалитативниот и длабински начин на поделба на одговорностите, како и дека учеството на претставниците на малцинските партии е неспорно и дека се смета на нив.

Конститутивната седница на Парламентот на Црна Гора е закажана за в среда, на 23 септември.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора