Тридневна жалост во Добој поради жртвите во поплавите

Од:

Градскиот штаб за вонредни ситуации прогласи тридневна жалост во Добој поради смртта на девет лица во поплавите што го погодија градот и цела Босна и Херцеговина.

Денови на жалост се 23, 24 и 25 мај.

Во големите поплави во Република Српска животот го загубија 18 лица, од кои најмногу во Добој.

По катастрофата во Добој се работи на создавање услови за враќање на жителите во градот. Денеска е нормализирано снабдувањето со електрична енергија, додека водата од водоводната мрежа е техничка и служи за чистење на објектите и улиците.

Делење на хуманитарна помош се врши на пунктови на Црвен крст, а од понеделник треба да се отвори и јавна кујна.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници