Три нови случаи со Ковид-19 вчера во Косово, вкупно 91 заразен

Од:

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави синоќа дека, од извршените испитувања во текот на минатиот ден, тројца испитаници се позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот коронавирус во земјата достигна до 91.

Трите лица, кај кои во саботата е потврдено присуството на вирусот, според соопштението на ИШПК, се заразени од контакти со лица кои претходно биле заразени со новиот коронавирус. Двајца од новозаразените се од Приштина и еден од Подујево.

Во текот на вчерашниот ден во лабориторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК се испитани 46 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од новиот вирус, со што вкупната бројка на испитаници од 8 февруари до синоќа изнесува 1.037.

Министерот за здравство на Косово, Арбен Витија вчера објави дека се набавени 7.000 нови тестови за откривање на коронавирусот, а започната е постапката за набавка на уште десет илјади.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски