Три можни сценарија за иднината на Косовските безбедносни сили

Од:

Косовскиот министер за безбедносни сили Агим Чеку изјави дека косовската влада продолжува да работи врз изградбата на капацитетите на безбедносните сили, но дека трансформацијата на безбедносните сили зависи од НАТО.

-Политичката елита на Косово, јас како министер, парламентарниот одбор за нагледување на КБС и сите други, мораме да се држиме и да го негуваме партнерство со НАТО и треба да се избегнуваат какви било еднострани чекори што можат да го загрозат нашето идно членство воНАТО, истакна Чеку во текот на расправата „Што подалекусо косовските безбедносни сили: Ќе има ли војска или не?“, што вчера ја организираше косовскиот Центар за безбедносни студии.

Извршниот директор на центарот Флоријан Чехаја претстави три сценарија за иднината на КБС. Првото подразбира КБС да останат под актуелниот мандат, второто предвидува трансформација на КБС во одбрамбени сили на Косово, кои би имале 3.500 активни членови, а третото за трансформација на КБС во војска на Косово, која би имала најмалку 5.000 војници, но без ограничување на бројот на војници.

-Заради тоа, мислиме дека покрај сегашниот мандат, безбедносните сили на Косово постепено мораат да добијат и дополнителен мандат, односно да го обезбедуваат територијалниот интегритет на државата, како што тоа го прават војските на другите земји, но секогаш во рамки на постепените надлежности на Кфор што се пренесени врз безбедносните сили, рече Чехаја.

Претседателот на парламентарната комисија за внатрешни работи, безбедност и КБС, Ахмет Исуфи, смета дека петте години од прогласувањето на независноста се доволно време безбедносните сили да ги зголемат своите капацитети, како и дека проценката за тоа треба да ја направат внатрешните и надворешните фактори од кои косовската безбедност е зависна.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски