Третопласираниот кандидат од првиот круг го поддржа Ердоган

Од:

Кандидатот кој заврши на третото место на изборите во Турција во понеделникот го поддржа актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во вториот круг во недела ќе се соочи со Кемал Киличдароглу. Синан Оган, националистички тврдокорен, кој и беше непознат на пошироката јавност пред изборната кампања, освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг од изборите на 14 мај, поради што некои аналитичари велат дека тој ќе одлучи за победникот во вториот круг.

„Најавувам дека во вториот круг ќе го поддржиме кандидатот на Народната алијанса, господинот Реџеп Таип Ердоган“, рече Оган на прес-конференција во Анкара, додавајќи дека неговата кампања ги претвори турските националисти во „клучни актери“ во политиката.

„Националната алијанса на Киличдароглу не успеа да не убеди во иднината, а одлуката за поддршка на Ердоган се заснова на принципот на континуирана борба (против) тероризмот“, рече тој.

Во првиот круг Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу 44,9 отсто.

Коалицијата на владејачката партија обезбеди и мнозинство во парламентот, што ќе значи предност за Ердоган, кој се обидува да го продолжи своето дводецениско владеење. Педесет и петгодишниот Оган беше претседателски кандидат на десничарската коалиција предводена од Партијата на победата, која е позната по својот антиимигрантски став во Турција, која има најголемо бегалско население во светот.

Аналитичарите тврдат дека поддршката на националистичкиот претседателски кандидат ќе му користи на Ердоган, но во исто време ќе ги подели поддржувачите на Оган.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски