Трета дојава за бомба на летот од Белград за Москва

Од:

На летот Белград-Москва денеска повторно е пријавена експлозивна направа, трет пат во последните неколку дена, јави дописникот на МИА од Белград.

Полициски екипи се на терен поради дојава за бомбата во авионот на „Ер Србија“ на летот Белград-Москва, потврдија за РТС во МВР.

Дојавата за наводната експлозивна направа во авионот на „Ер Србија“ на летот за главниот град на Русија пристигнала по е-меил од електронската адреса во Украина пред да полета авионот, односно додека се уште бил на пистата, соопшти Еуроњус Србија.

Претходно, авионот на „Ер Србија“ на летот за Москва вчера се врати во Белград поради дојава за бомба и слета на аеродромот „Никола Тесла“, а припадниците на МВР безбедно ги евакуираа сите патници и членови на екипажот од авионот. Во авионот на „Ер Србија“ тогаш имало 125 патници и пет членови на екипажот, а извештајот за бомбата бил испратен по електронска пошта.

Дојава за експлозивна направа беше пријавена, за прв пат во петокот, но беше утврдено дека пријавата е лажна.

Ова е трет пат во последните неколку дена да се пријавува бомба на линијата кон главниот град на Русија.

МВР на Србија тогаш соопшти дека работи на идентификување и гонење на лицето кое испратило лажна пријава на електронската пошта на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари