ВИДЕО: Трет смртен случај од Ковид-19 во БиХ, во Црна Гора уште петмина заразени

Од:

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Босна и Херцеговина се зголеми на три.

Директорката на Клиничкиот центар во Сараево Себија Изетбеговиќ објасни дека во Сараево се потврдени упте два случаја на заразени со вирусот и дека едно лице починало.

Станува збор за стара жена која премолчела дека била во контакт со ќерката која била во Италија. Жената починала во Здравствениот дом во Илиџа, а на коронавирус е тестирана по смртта.

Вториот заразен е маж од општината Илиџа. Во БиХ има досега 166 лица заразени со Ковид-19.

Црногорскиот Институт за јавно здравје, соопшти денеска дека коронавирус е потврден кај уште пет лица во таа држава. Досега има 52 лица инфицирани со тој вирус. Под санитарен надзор се 5.972 лица.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски