Трамвај усмрти жена во центарот на Софија

Од:

Трамвај што се сообраќал на линијата број пет во главниот град на Бугарија удри и усмрти жена во близина на плоштадот „Македонија“, пренесоа бугарските медиуми.

Екипи на брзата помош како и на полицијата веднаш пристигнаа на местото на настанот.

Портпаролката на Ургентниот центар во Софија, Катја Сунгарска за бугарските медиуми изјави дека починатата жена имала 80 години.

Инцидентот бил пријавен по 12 часот.

Лекарите кои пристигнаа на настанот, открија дека смртта настапила како резултат на силниот удар од трамвајот.

По констатирањето на смртта на жената, лекарска помош била дадена на возачот на трамвајот кој бил во шок и доживеал нервен слом, тој веднаш е пренесен на софиската клиника, информираат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина