Трамп: Вучиќ и Хоти ги направија Балканот и светот побезбедни

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени дека договорот за економска нормализација потпишан од српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти ќе ги направи Србија, Косово, Балканот и светот побезбедни и истакна дека за таков чекор е потребна вонредна храброст на лидерите, објави Стејт департментот на Инстаграм.

Трамп нагласил дека „била потребна извонредна храброст“ на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти да одат на овие разговори и да дојдат во Вашингтон за да ги финализираат тие обврски.

„Со тоа тие ги направија своите земји, Балканот и светот побезбедни“, наведе Трамп.

Србија и Косово, со посредство на САД, на 4 септември потпишаа договор за нормализирање на економските односи во Белата куќа. На церемонијата на потпишување присуствуваше и американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати