Трагедија во Сараево: Малолетнички си ја убиле бабата, па се обиделе да го прикријат убиството

Од:

Убиство се случи во Сараево. Жртвата е постаро лице, а за убиството се осомничени нејзините малолетни внуки.

Полицијата уапсила и малолетник кој бил присутен во истата просторија каде се случило злосторството.

Наводно, малолетниците заедно конзумирале алкохол. Во еден момент меѓу малолетниците и жената дошло до расправија, па ја удавиле. Најпрвин се мислело дека се работи за природна смрт, но по обдукцијата која била направена е утврдено дека жената е убиена.

Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево за порталот Аваз го потврди убиството.

– Имајќи предвид дека полициските службеници на МУП на кантонот Сараево, под надзор на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, преземаат интензивни мерки и дејствија за расветлување и документирање на сите околности поврзани со постоењето на основи на сомнение дека е сторено кривично дело убиство на постара жена, во овој момент во интерес на истрагата не можеме да дадеме повеќе информации – изјави портпаролот Хаџиабдиќ.

Би можело да ве интересира

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство