Тонино Пицула: Одлуката за механизмот за воведување визи ќе заврши на суд

Од:

Одлуката за воведување механизам кој на одделни земји членки на Европската унија им дозволува суспензија на безвизниот режим кога е тоа неопходно, наскоро би можела да заврши на суд, изјави за Анадолија европратеникот Тонино Пицула.

Европскиот парламент одлуката за воведување механизам за суспензија на безвизниот режим денеска ја донесе со 328 и 48 воздржани.

– Многумина предупредуваат дека ова што ЕП со мнозинство гласови го усвои, набрзо ќе се најде пред суд, односно дека Европската комисија е скептична што се однесува на легалноста на денешната одлука со оглед на тоа дека таа претставува загрозување на одделни членки на Лисабонската спогодба. Многу сериозни коментатори тврдат дека многу брзо овие материјали повторно ќе се најдат на усогласување во ЕП, вели поранешниот хрватски министер за надворешни работи Пицула.

Според него, носењето на ваква одлука значи дека во овој момент ЕУ е поделена на земји кои не би сакале со некои нови постапки врзани за безвизниот режим да се загрози евроатлантскиот или европскиот пат на добар дел земји од Западен Балкан. Од друга страна се, вели тој, земји кои овој момент сакаат да ја зајакнат, пред се, националната но и мултилатералната контрола над зголемениот прилив на азиланти во земјите на ЕУ.

– Еден број европски земји се уште е чувствителен на зголемениот број азиланти, посебно во последно време. Дојде до сериозна полемика во ЕП после предлогот на оваа резолуција која денеска е изгласана, но нагласувам, тоа не е конечно, рече Пицула.

– Без разлика на усвоената резолуција, земјите од Западен Балкан мораат да продолжат со своите реформи, посочува европратеникот, додавајќи дека како последица на оваа одлука не би требало да биде изолација на Западен Балкан.

– И без тоа, постои одредено заситување, односно нерасположение кога се зборува за проширувањето. Доказ за тоа е и вчерашното обраќање на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, кој зборувајќи за состојбата во Унијата, ниту со еден збор не го спомна проширувањето, како и минатата година. Според тоа, веќе некое време во Европа политиката на проширување не е приоритет. Секако, никој нема да каже дека ЕУ се откажала од проширувањето, но со оглед на исклучителните проблеми во еврозоната кои се обидуваат да ги консолидираат, никој не става приоритет на проширувањето, рече Пицула, кој сепак верува дека ЕУ и во иднина ќе се шири.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски