Тони Блер ќе биде советник на идната влада на Албанија

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер прифати да биде советник-консултант на идната влада во Албанија, тврди лондонски „Дејли телеграф“.

Весникот пишува дека Блер ќе делува како консултант на албанската социјалистичка партија и на нејзиниот лидер Еди Рама, веднаш по парламентарните избори во Албанија, на кои се очекува нивна победа. Рама важи за популарен политичар, а испитувањето на јавното мислење во земјата покажува дека тој би можел да добие и 49 отсто од гласовите.

Албанските парламентарни избори се предвидени за 23 јуни. Договорот меѓу Блер и како што вели весникот, идната албанска Влада, бил направен во Лондон, минатиот месец.

Поранешниот британски премиер ќе им ги пренесува искуствата од политиката и програмите на новите лабуристи, кои трипати едноподруго, победуваа на изборите во Велика Британија, меѓу 1997 и 2005 година.

Блер кој е единствениот лабурист кој трипати едноподруго бил премиер, на албанските социјалисти и на Рама треба да им ги пренесе и реформите што британските нови лабуристи ги спроведуваа, имајќи ја зад себе големета поддршка на домашните гласачи.

Именувањето на Блер за советник-консултатнт во Албанија, доаѓа по неговите слични мисии во уште неколку земји во светот, како Бразил, Колумбија, Казахстан и Кувајт.

Тој во 2007 година, по повлекувњето од Даунинг стрит 10 формира посебна фирма за консултации на странски влади. Во неа се вклучени и неговите поранешни блиски соработници, поранешниот шеф на кабинетот Џонатан Пауел и директорот за комуникации и спин доктор, Алистер Кемпбел.

Лондонскиот весник тврди дека првите контакти со Еди Рама и неговата партија ги има направено Кемпбел, кој беше во Тирана во февруари оваа година, на промоцијата на својата книга-дневници за времето кога тој му беше советник на Тони Блер.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија