„То Вима“: Тензии во Сириза пред изборите во септември

Од:

Вчерашниот состанок на политичкиот секретаријат на владејачката Сириза беше прилично тежок за партијата и за Алексис Ципрас, со оглед на тоа што партискиот секретар Тасос Коронакис поднесе оставка и се изјасни против официјалниот став на партијата.

Венсикот „То Вима“ коментира дека оставката на Коронакис е многу важна и е показател за тензиите во владејачката партија, особено што тој се сметаше за еден од блиските сојузници и поддржувачи на Ципрас.

Во писмото со оставката, Коронакис го објаснува своето несогласување со неодамнешните одлуки, за кои смета дека ја поткопуваат партија.

Тој признава дека стратегијата за преговори на партијата не успеа и ја критикуваше одлуката да се оди на избори без за тоа да се дискутира внатре во партијата и игнорирајќи ги одлуките на Централниот комитет.
Следниот викенд ќе се одржи национална конференција на Сириза, на која ќе учествуваат членови на Централниот комитет, на комисии од префектурите и пратеници, и на која ќе се дискутира за организациски прашања на партијата и за подготовките за изборите во септември.

Според партиски извори, на конференцијата ќе се дискутира и за „судбината“ на истакнати членови како што е Зои Константопулу, која отворено го изрази своето противење на раководството на партијата, но сепак остана на функцијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит