„То Монтенегро“: Од продажба на билети четири милиони евра, превезле 70.000 патници

Од:

Три и пол месеци по првиот лет, авиокомпанијата „То Монтенегро“ може да се пофали со приход од четири милиони евра само од продажба на билети. Во овој период превезе 70.000 патници, изјави директорот на компанијата Предраг Тодоровиќ за ТВЦГ.

То Монтенегро стана конкурентна за кратко време, што предизвика интерес кај многумина во воздухопловната индустрија.

Според Тодоровиќ, приходот од четири милиони евра е исклучителен резултат.

Добриот почеток на 70.000 превезени патници од неколку светски дестинации од Белград, Франкфурт, Истанбул, до Ереван и Тел Авив, беше запрен од пандемијата со корона.

„Од една страна, не можеме да летаме за Русија. Од друга страна, имаме големи ограничувања да летаме во Западна Европа поради ситуацијата со короната. Нашата задача во наредниот период е да ја подобриме ситуацијата и да ја доведеме во наша корист, дека имаме отворена врата за разни пазари“, додаде Тодоровиќ.

Основачкиот капитал на То Монтенегро е 30 милиони евра, потсетува Тодоровиќ. Досега, Владата им исплати 26 милиони. Загубата од 1,3 милиони се објаснува во националната авиокомпанија со инвестирање и формирање нова компанија со цел што побрзо да се самоодржи.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски