Тирана ја убеди и ДП да биде дел од изборната коалиција на Албанците од Прешевската Долина

Од:

Тирана ја убеди и Демократската партија чиј лидер Нагип Арифи да биде дел од изборната колација на Албанците од Прешевската Долинна на престојните избори во Србија.

За тоа на Фејсбук се пофали албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.

„На Договорот за настап со заедничка избирна листа на албански политички субјекти од Прешевската Долна за парламентарните избори во Република Србија, потпишан од Партијата за демократска акција, Алтернатива за промени, Движењето за реформи во ДПА и Движењето за демократски напредок денес се приклучи и Демократската партија,напиша Цакај.

Во Министерството за Европа и надворешни работи, по разговорот со Цакај, лидерот на Демократската партија Нагип Арифи, го потпишал договорот.

„На состанокот уште еднаш ја истакнавме важноста од политичко единство и меѓупартиска соработка во одбрана на националните интереси и развојните политики воопшто“, напиша Цакај во неговиот статус во врска со средбата.

Договорот за создавање на заедничка кандидатска листа на албанските политички субјекти од Прешевската Долина за парламентарните избори во Република Србија во Тирана беше потпишан на 16 овој месец „откако за тоа ги убедил Цакај“.

На прес-конференција, Цакај го пофали постигнувањето на овој договор.

-Денеска албанските политички претставници на Прешевската Долина го дадоа највредниот и најзначаен пример за тоа колку партиските разлики можат да се артикулираат во рамките на еден национален став. Денешното обеднување им служи на граѓаните на Долината, но и на Албанците каде и да се,заклучи Цакај,кој по потекло е од Косово.

Кандидатската листа на партиите ќе се вика „Албанска демократска алтернатива – обединета долина“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов