Tермички камери поставени на железничките станици во Солун и Атина

Од:

Термички камери се поставени на железничите станици во Атина и Солун, како дополнителна превентивна мерка за да се спречи ширењето на коронавирусот, јавува МИА.

Камерите, кои ќе ја мерат и прикажуваат телесната температура на патниците и на вработените, се поставени на иницијатива на управата на грчката железница и ќе почнат да функционираат од петок.

Од компанијата соопштуваат дека камерите се дополнителна мерка, а и понатаму се во сила претходно преземните мерки како што се задолжителна употреба на маска, поставени антисептици, секојдневна дезинфекција итн.

Грција е една од земјите во Европа кои најдобро се справуваат со пандемијата на коронавирусот, и досега има забележано нешто над 3.000 случаи и 183 починати. Сепак, изминатата недела се забележани повеќе од 100 новозаразени грчки граѓани, па властите повторно размислуваат за враќање на дел од рестриктивните мерки.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција