Теодоракис: Грција не може да има ефикасна влада без Потами

Од:

Кризата со која денес се соочува Грција е производ на владеењето на Сириза и Нова демократија, но решението лежи во рацете на луѓето, изјави лидерот на Потами Ставрос Теодоракис за телевизијата Алфа.

– Кризата што ја преживуваме денес, им припаѓа ним. На стариот политички систем. Но, решението е наше, истакна тој, зборувајќи за изборните цели на неговата партија.

– Потами е машина за реформи. Не може да има ефикасна влада без Потами. Нашата изборна цел е за партијата да биде регулаторот на идната влада, истакна Теодоракис.

Тој појасни дека, сепак, можноста за соработка со Нова демократија и Сириза не го прави да се чувствува удобно и го обвини премиерот Алексис Ципрас за колапс на земјата, објаснувајќи дека „тој беше далеку под очекувањата на народот“.

Коментирајќи го лидерот на Нова демократија Вангелис Меимаракис, Теодоракис рече дека „тој зборува директно, но оти не може да заборави дека бил пратеник и функционер на НД, кој донесувал одлуки“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит