Тензично и утрово на Лезбос и Хиос

Од:

Жителите на Лезбос и Хиос, по инцидентите во текот на ноќта и обидите да ги спречат камионите и булдожерите кои под силно полициско обезбедување стигнаа на островите за изградба на затворените центри и рано утрово продолжија со блокадите, јави дописничката на МИА од Атина.

Повторно беше тензично и на Лезбос и на Хиос, а локалното население овој пат блокадите ги постави на патот што води до локациите предвидени за изградба на затворените центри за бегалци и мигранти.

Префектот на северниот дел од Егејското море, кој е заедно со жителите на Лезбос на една од блокадите, преку неговиот „Фејсбук“ профил коментираше дека „денеска е срамен ден за сите“, вели дека е срамота жителите кои ги чуваат островите „да бидат тепани и да страдаат“, но додаде дека ни за време на Хунтата не се правеле такви работи.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди