Тело на бебе пронајдено во замрзнувач

Од:

Вишото јавно обвинителство во Белград нареди да се изврши обдукција на телото на бебето кoe Зоран М. (62) го пронајде во замрзнувачот од неговата куќа во Земун. Телото на бебето, чија возраст и причина за смртта допрва ќе се утврдува било завиткано во крпа и торби и седело на дното од замрзнувачот.

Според неофицијални информации, на телото на детето немало видливи траги на насилство, а не можело ниту да се процени колку време било во замрзнувачот.

Во дворната куќа во Земун, Зоран М. живее со четири деца, откако минатата година го оставила сопругата. Телото на бебето го пронашол кога, како што изјавил за медиумите, мајсторот му рекол да го стопи замрзнувачот за да може да го поправи фрижидерот.

– Во аголот видов ролна во крпа и неколку кеси. Го отворив и ми се чинеше дека е тело на бебе. Се исплашив, пак го завиткав и го оставив така – рече Зоран М. за медиумите.

Тој изјавил дека не може да погоди од каде е телото на бебето во неговиот замрзнувач, но дека се сомнева дека таму го оставил некој кој имал пристап до куќата. Последен контакт со сопругата со која живеел бил летово. Полицијата, според неофицијални информации, трага по неговата сопруга.

Би можело да ве интересира

Се самоуби полицаец од Сомбор: сопругата пронашла проштално писмо

Ана Ололовска

Почина жената која утрово падна од прозорец на српското Министерство за одбрана

Потпишан меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина со Србија

Маж и бремена жена од Зрењанин починале од задушување со плин

Горан Наумовски

Жена паднала низ прозорец од седмиот кат на зградата на Министерството за одбрана на Србија

Горан Наумовски

„Штом и пријде машко лице, таа плаче“: Девојчето кое беше малтретирано од нејзиниот татко има само 10 килограми и е во тешка состојба

Горан Наумовски