Црногорската телевизија „Вијести“ јави денеска дека Насер Келеменди, балкански нарко-бос е уапсен во Косово. Апсењето било извршено доцна синоќа, се додава во извештајот на медиумот.
Врз основа на барање на Обвинителството на Босна и Херцеговина, лани во септември е распишана меѓународна потерница за Келеменди и повеќе други осомничени заради тешки дела на организиран криминал во БиХ.
Насер Келеменди е означен како лидер на една од најсилните криминални групи на Балканот, а во јуни лани е ставен и на црната листа на САД. Американскиот претседател во специјален извештај на Белата куќа го означи како главен дилер на дрога на Балканот.