Телефонски разговор на Вучиќ и Ердоган за унапредување на односите

Од:

Претседателите на Србија и Турција, Александар Вучиќ и Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор уште еднаш ја истакнаа својата цврста заложба за заедничко унапредување на односите меѓу двете земји, кои веќе се на високо ниво, како политички, така и економски, јави Танјуг.

Како што соопшти Кабинетот на Вучиќ, во долг и содржаен телефонски разговор, тие синоќа изразиле уверување дека преку работата на Високиот совет за соработка, како и на други начини, ќе продолжат поефикасно да ги унапредуваат севкупните односи и соработката во сите области.

Вучиќ го повикал Ердоган наскоро да ја посети Србија за да се одржи втората седница на Високиот совет за соработка и да се договорат нови елементи на политичка и економска соработка помеѓу двете земји.

Во соопштението се наведува дека Вучиќ истакнал дека поддршката што Ердоган ја дава за турските инвестиции во Србија е од големо значење за економијата и за подобар животен стандард на граѓаните на Србија.

Турскиот претседател изразил задоволство што трговската размена помеѓу двете земји во 2018 година првпат поминала милијарда евра и дека очекува да биде уште поголема, особено по усвојувањето на Законот за слободна трговија со Србија во турскиот Парламент.

Исто така, Ердоган истакнал дека ја поддржува политиката на мир и стабилност во регионот на Западен Балкан, што ја води Србија и претседателот Вучиќ.

Ердоган нагласил дека Турција ќе направи се, не само да ги одржи, туку и да ги унапреди пријателските односи со Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Од нас се бара признавање на Косово, санкции за Русија, Западот сака марионетски режим во Србија

Ковачевски: Одбележувањето на Свети Сава за нас и за нашата држава е порака за заедништво, почит и меѓусебна соработка